24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Generali“ лани со рекордна оперативна добивка

„Generali“ лани со рекордна оперативна добивка

Италијанската осигурителна групација „Generali“, присутна и на регионалниот пазар, минатата година оствари нето добивка од 2,91 милијарди евра, што е за 2,3 отсто повеќе од претходната година.

Оперативната добивка е зголемена за 11,2 отсто на рекордни 6,5 милијарди евра, објави австриската новинска агенција АПА.

Со 81,5 милијарди евра, пресметаната бруто-премија на групацијата беше за 1,5 отсто повисока од претходната година. Во делот на неживотно осигурување е забележан раст од 9,8 отсто, додека во делот на животното осигурување е забележан пад од 36 отсто.

„Резултатите го потврдуваат успехот на нашата деловна трансформација, која продолжува со дисциплинирана и ефикасна имплементација на нашата стратегија“, нагласи претседателот на Управниот одбор, Филип Донет.

Стратегијата се заснова на фокусирање на најпрофитабилните деловни области и на различни извори на приход.

Добивката на групацијата, која е присутна во 60 земји, ќе беше уште поголема да не беше слабеењето на инвестициите во Русија. Тоа е последица на руската инвазија на Украина и поврзаните меѓународни санкции против Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП