Компанијата „Meta“, која ги поседува „Facebook“, „Instagram“ и „WhatsApp“, денеска објави дека укинува уште 10.000 работни места.
Исто така, нема да пополни 5.000 отворени позиции за да ги намали трошоците.
Во соопштението се наведува дека компанијата ќе ги намали тимовите за регрутирање овој месец, дополнително ќе го намали тимот за истражување на технологијата на крајот на април, како и деловниот тим на крајот на мај.
„Ова ќе биде тешко и нема начин да се заобиколи. Ова ќе значи збогување со талентираните и страсни колеги кои беа дел од нашиот успех“, изјави извршниот директор на „Meta“, Марк Цукерберг.
„Meta“ досега има инвестирано милијарди долари во проектот „Метаверзум“, но во февруари забележа помала добивка и приходи за последниот квартал од 2022-ра година, што беше погодено од полошите пазарни услови и конкретните компании како „TikTok“.
Агенцијата потсетува дека уште 11.000 вработени биле отпуштени од „Meta“ во ноември.
„Кога зборував за ефикасноста во оваа година, реков дека дел од нашата работа ќе вклучува елиминирање на работните места, што ќе биде во служба на изградба на помодерна, технички посилна компанија и подобрување на нашите деловни перформанси за да се овозможат долгорочни цели“, рече Цукерберг.