2 ноември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Pfizer“ го проширува своето портфолио на терапии за рак

„Pfizer“ го проширува своето портфолио на терапии за рак

„Pfizer“ склучи договор вреден околу 43 милијарди долари за купување на „Seagen Inc“ за да го зголеми своето портфолио на лекови за рак.

На овој начин, производителот сака да одговори на остриот пад на продажбата на лекови и вакцини против Ковид-19 и губењето на ексклузивноста за некои од неговите најпродавани производи, пишува „Reuters“.

Договорот, најголемиот во серијата аквизиции на „Pfizer“ по неочекуваниот профит од продажбата на лекови против Ковид-19, ќе додаде четири одобрени терапии за рак со комбинирана продажба од речиси 2 милијарди долари во 2022-ра година.

„Pfizer“ ќе плати 229 долари во готово по акција на „Seagen“, што е премија од 32,7% во однос на цената на затворањето во петокот. Понудата е, исто така, речиси 42% повисока од цената на акциите на „Seagen“ заклучно со 24-ти февруари, еден ден пред „Wall Street Journal“ да објави дека таква зделка е можна.

„Pfizer“ ги таргетира зделките бидејќи се обидува да го ублажи влијанието на очекуваниот пад на приходите од 17 милијарди американски долари до 2030-та година поради истекот на патентите за врвните лекови и падот на побарувачката за неговите производи за Ковид-19.

„Иако „Pfizer“ сè уште има финансиска моќ да склучува зделки, мислиме дека интеграцијата на толку голема компанија може да предизвика паузирање на производителот на полето на спојувања и превземања“, нагласи аналитичарот на „Wells Fargo“, Мохит Бансал.

„Seagen“, со седиште во Вашингтон, е пионер во производството на конјугати на антитела-лекови кои работат како „водени проектили“ дизајнирани за целно уништување додека ги штедат здравите клетки.

Портфолиото на онколошки терапии на „Pfizer“ вклучува 24 одобрени лекови, вклучително и за третман на рак на дојка.

Компаниите очекуваат да го затворат договорот кон крајот на 2023-та или почетокот на 2024-та година.

Малку е веројатно дека ќе се соочи со големи антимонополски предизвици бидејќи компаниите немаат многу производи кои се преклопуваат. Минатата година, ривалите на „Pfizer“, „Merck & Co“ и „Seagen“, водеа напредни разговори за договор, но тие наводно се прекинаа поради загриженоста за строга антимонополска контрола, потсетува „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП