28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден: Банкарскиот систем е безбеден

Бајден: Банкарскиот систем е безбеден

Говорејќи во Белата куќа, Џо Бајден се обидува да ги увери Американците дека банкарскиот систем ќе издржи.

„Благодарение на брзата акција во мојата администрација во изминатите неколку дена, Американците можат да имаат доверба дека банкарскиот системн“, рече претседателот.

„Вашите депозити ќе бидат таму кога ќе ви требаат. Малите бизниси низ целата земја кои депонираат сметки во овие банки можат полесно да дишат знаејќи дека ќе можат да ги платат своите работници и да ги платат сметките. И нивните вредни вработени можат да дишат полесно“.

Џо Бајден го повика Конгресот да ги врати банкарските регулативи кои првпат беа спроведени по финансиската криза во 2008 година, па вратени од Доналд Трамп.

Актот The 2010 Dodd–Frank Wall Street Reform and Consumer Protection, потпишан од Барак Обама, ги зголеми финансиските регулативи за банките во екот на кризата, но во 2018 година, Трамп ги олесни тие правила – за кои, рече Бајден, дека ја поставија сцената за неуспесите на Silicon Valley Bank и Signature Bank.

„Мораме да го намалиме ризикот ова да се повтори“, рече Бајден. „За време на администрацијата на Обама-Бајден, поставивме строги барања за банките. За жал, последната администрација повлече некои од овие барања. Ќе побарам од Конгресот и од банкарските регулатори да ги зајакнат правилата за банките за да се намали веројатноста дека овој вид на банкарски неуспех ќе се повтори и да ги заштитат американските работни места и малите бизниси“.

Тој исто така повика на истрага за тоа како пропаднаа двете банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП