25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВитаминка АД Прилеп оствари позитивни финансиски резултати за 2022 година

Витаминка АД Прилеп оствари позитивни финансиски резултати за 2022 година

П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Декември 2022 година оствари нето добивка на износ од 29.478 илјади денари.

Сметководствени политики и методи на вреднување

Во 2022 година не се евидентирани промени во сметководствените политики, сметководствени процени и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на П.И “Витаминка” АД Прилеп.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи за 2022 година изнесуваат 3.899.389 илјади денари и во споредба со остварените во 2021 година бележат пораст од 27 %. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2021 година за извештајниот период бележат пораст од 26%.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи за 202 година изнесуваат 3.971.472 илјади денари и во споредба со остварените во 2021 година бележат раст од 29 %. Растот на вкупните расходи е во корелација со оперативното работење за извештајниот период и континуираниот раст на цените на репроматерјалите во меѓународни рамки, растот на енергенсите и растот на стапката на инфлацијата.

Дивиденда

На 19.05.2022 година на Годишното собрание на акционери е одобрена пресметка и исплата на дивиденда за 2021 година во висина од 23.783.200,00.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства за 2022 година изнесуваат 122.119 илјади денари. Генерално инвестицијата се однесува на купувањето на опремата, недвижен имот, градежна реконструкција и адаптирање.

Обврски по кредити

Вкупните единечни обврски по долгорoчни и краткорочни кредити на 31.12.2022 година изнесуваат 1.630.448 илјади денари и во споредба со состојбата на 31.12.2021 година од 1.497.302 илјади денари бележат зголемување од 9 %.

Нови вработувања

Во периодот Јануари – Декември 2022 година во П.И “Витаминка” АД Прилеп не се реализирани дополнителни нови вработувања.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП