2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНЕМА ДРЖАВНА ПОМОШ ЗА БАНКРОТИРАНАТА БАНКА: Американската министерка за финансии уверува дека...

НЕМА ДРЖАВНА ПОМОШ ЗА БАНКРОТИРАНАТА БАНКА: Американската министерка за финансии уверува дека системот е безбеден

Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска изјави дека федералната влада нема да и помогне на Silicon Valley Bank (SVB) која банкротираше, туку работи на помош на нејзините корисници.

Silicon Valley Bank (SVB)  беше затворена пред два дена, што е најголем колапс на банка од 2008 година, кога Вашингтон Мјутуел пропадна во екот на светската финансиска криза.

Средствата на Silicon Valley Bank беа запленети од страна на американската Федерална корпорација за осигурување, а банката попушти откако нејзините клиенти, главно ИТ работници и фирми за ризичен капитал, почнаа да ги повлекуваат своите пари, создавајќи општа паника.

Федерална корпорација за осигурување осигурува депозити до 250.000 долари, но многу клиенти на банката имаа повеќе од таа сума на нивните сметки. Се стравува дека дел од работниците нема да си ги земат платите.

Јелен нагласи дека ситуацијата е многу поразлична од финансиската криза од пред 15 години, поради која државата морала да ги спасува банките за да ја заштити индустријата.

„Нема да го повториме тоа. Но, ние сме загрижени за штедачите и се обидуваме да ги задоволиме нивните потреби“, рече таа. Јелен се обиде да ги увери Американците дека нема да има домино ефект по колапсот на Silicon Valley Bank.

„Американскиот банкарски систем е навистина безбеден и добро капитализиран. Тој е еластичен“, рече таа.

Јелен го опиша зголемувањето на каматните стапки, кои Федералните резерви ги зголеми за да се бори против инфлацијата, како клучен проблем за Silicon Valley Bank.

Таа рече дека очекува регулаторите да разгледаат „широк опсег на достапни опции“, од кои едната е продажба на банката на друга институција, но ниту еден купувач сè уште не покажал интерес.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера зборуваше за „напорите за решавање на ситуацијата“, иако Белата куќа не даде информации за следните чекори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП