28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОбјавени информации за проектот P92, новата социјална мрежа на Цукерберг

Објавени информации за проектот P92, новата социјална мрежа на Цукерберг

По преземањето на Твитер од Маск, се појавија неколку стари и нови конкуренти на оваа социјална мрежа, но се чини дека најголемиот и најсериозен конкурент допрва пристигнува и особено е интересно кој ја развива. Имено, во моментов Meta работи на социјалната мрежа која првенствено ќе овозможува текстуални објави.

Компанијата чии социјални мрежи и комуникациски платформи (Facebook, Instagram, Messenger и WhatsApp) ги користат милијарди луѓе, сега подготвува нова социјална мрежа со која сака да земе дел од корисниците на Twitter. Според извори запознаени со ситуацијата, проектот, со кодно име P92, се развива како посебна апликација во која корисниците би се најавувале користејќи ги нивните ингеренции на Инстаграм. За тој проект е задолжен и првиот човек на Инстаграм, Адам Мосери.

И Мета потврди дека навистина работат на ваква платформа. Тие одговорија на прашањата на медиумите дека истражуваат специјална децентрализирана социјална мрежа за споделување текстуални содржини и нагласија дека на пазарот има место за „посебни простори“ каде што креаторите и јавните личности можат да споделуваат информации за нивните интереси. За сите оние кои малку подобро ја следат ситуацијата во Мета и околу Инстаграм, оваа вест не е изненадување, бидејќи за слично нешто се зборуваше на крајот на минатата година.

Имено, тогаш медиумите објавија дека вработените во Мета на затворени состаноци разговарале за платформа фокусирана на текстуални објави кои Мета би можел да ги развие во рамките на Инстаграм или како посебна апликација, но која би била изградена на технологијата на Инстаграм. Последните гласини велат дека преовладувала струјата што ја фаворизира втората опција, односно посебна апликација.

Со оглед на тоа што Мета коментираше дека моментално сè уште „истражуваат“ за развој на ваква апликација, не се знае дали веќе започнале со нејзиниот развој или се уште е во фаза на планирање, а исто така постои можност Цукерберг на крајот и да се откаже.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП