31 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Hugo Boss“ очекува забавување на продажбата, но се надева на растот во...

„Hugo Boss“ очекува забавување на продажбата, но се надева на растот во Кина

Германската модна куќа „Hugo Boss“ прогнозираше побавен раст на продажбата и профитот за 2023-та година, со што нејзините акции паднаа за 4%.

Групацијата за луксузни стоки се соочува со построги споредби во 2023-та година, откако имаше корист од обновувањето на брендот минатата година. Исто така, постои загриженост на пазарот дека отворањето на Кина ќе обезбеди ограничен поттик поради слабата изложеност на компанијата на втората по големина економија во светот.

„Hugo Boss“, познат по своите елегантни машки костуми, очекува раст од 4% до 6% на годишната продажба и оперативниот профит помеѓу 350 и 375 милиони евра, т.е. раст од 5 на 12%.

Продажбата на брендот во 2022-ра година се зголеми за 27% на 3,65 милијарди евра, а оперативниот профит за 47% до 335 милиони евра, како што беше објавено во јануари.

Седрик Роси, аналитичар во „Bryan Garnier“, изјави за „Reuters“ дека недостатокот на позитивно изненадување во резултатите од 2022-ра година и изгледите за 2023-та година можеби предизвикаа донекаде пад на акциите.

Според Роси, инвеститорите се обложуваат на отворањето на Кина, што може да стане слабост за „Hugo Boss“, бидејќи продажбата во Кина сочинува само 6% од вкупната на групацијата во 2022-ра година.

Извршниот директор Даниел Гридер им рече на новинарите дека се чувствува „многу сигурен“ во способноста на компанијата да расте во Кина, гледајќи ги можностите за раст во Кина и Азија и покрај несигурните времиња и темпото на закрепнување.

„Hugo Boss“ очекува продажбата во азиско-пацифичкиот регион да се зголеми помеѓу 13% и 19% оваа година, од 10% зголемување во 2022-ра година.

Гридер рече дека раководството е уверено дека „Hugo Boss“ може да го надмине секторот како целина и покрај економските и политичките несигурности во 2023-та година.

„Првите два месеци од 2023-та година покажуваат дека можеме да продолжиме со моментумот“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП