6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИлон Маск планира да изгради свој град

Илон Маск планира да изгради свој град

Милијардерот Илон Маск планира да изгради сопствен град во близина на Остин, во американската сојузна држава Тексас, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ).

Угледниот весник објави дека планираниот град во округот Бастроп ќе биде изграден на копно до објектите Boring и SpaceX кои се во изградба.

Цитирајќи луѓе запознаени со проектот, WSJ рече дека тоа ќе му овозможи на сопственикот на Твитер да воспостави регулативи во својата општина и да ги забрза своите планови.

Изворите велат дека Маск сака вработените во неговите компании Boring, Tesla и SpaceX да можат да живеат во нови домови со кирија под пазарната.

„Според законот во Тексас, на градот му требаат најмалку 201 жител пред да поднесе барање за основање, а потоа одобрение од окружниот судија“, се вели во извештајот.

Каунти Бастроп соопшти дека не го добиле барањето на Маск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП