Линеарно зголемување на платите и воведување месечни бонуси за вработените во Веро и Jumbo маркетите се мерките што ги презема менаџментот на компанијата со цел да го подобри животниот стандард на своите вработени. Грижата за вработените и обезбедувањето најповолни услови за работа останува приоритет на менаџерскиот тим на Веро, особено во овој период кога земјата се соочува со зголемена инфлација и пораст на трошоците за живот.
Со исплатата на февруарската плата, околу 1.000 вработени во Веро и Jumbo маркетите ќе добијат зголемени нето-плати до 3.000 денари. Ова е втор поголем финансиски надомест за вработените во компанијата за четири месеци, откако во ноември менаџментот донесе одлука да им исплаќа месечен бонус од 2.000 денари. Исплаќањето на овој месечен бонус за вработените се воведе како редовна практика со цел компанијата дополнително да ги мотивира сите вработени и континуирано да го наградува трудот на најпосветените работници. Зголемувањето на платите и исплатата на месечните бонуси за само четири месеци значително ги придвижува нагоре месечните примања на вработените.

