26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа што должат најмногу македонските граѓани кон банките за 2022 година

За што должат најмногу македонските граѓани кон банките за 2022 година

Според податоците објавени од Народната банка за банкарскиот сектор за 2022 година, македонските граѓани должат 230 милијарди 136 милиони денари или околу 3,7 милијарди евра на македонските банки.

Најголемиот износ македонските граѓани го должат по основ на потрошувачки кредити 115 милијарди 250 милиони денари или 1,87 милијарди евра.

Потоа следуваат станбените кредити со износ од 75,6 милијарди денари или околу 1,23 милијарди евра.

На кредитните картички граѓаните се задолжиле 20,7 милијарди денари , а на трансакциските сметки 13,90 милијарди денари.

За реновирање на деловен простор должат 744 милиони денари.

Износот на автомобилските кредити е 362 милиони денари.

За кредити по други основи граѓаните должат 3,46 милијарди денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП