16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекорден профит на BMW во 2022 година

Рекорден профит на BMW во 2022 година

Германскиот производител на луксузни автомобили БМВ забележа рекорден профит за 2022 година благодарение на преземањето на мнозинскиот удел во своето кинеско заедничко вложување и фокусирањето на моделите со повисоки цени, соопшти компанијата во четвртокот од своето седиште во Минхен.

Добивката беше 18,6 милијарди евра (19,6 милијарди долари), речиси 50% повеќе во споредба претходната година, додека прометот се зголеми за 28% на 142,6 милијарди евра. Добивката врз основа на EBIT се зголеми за 4,5% на 14 милијарди евра.

Во текот на годината, компанијата се здоби со мнозински удел во BMW Brilliance Automotive (BBA), при што ревалоризацијата на уделот придонесе за извонреден приход од 7,7 милијарди евра, околу една третина од добивката пред оданочување од 23,5 милијарди евра.

Продажбата на единици падна на 2,4 милиони – околу 100.000 автомобили помалку отколку во 2021 година – главно како резултат на недостигот на полупроводници и кабли од Украина. Сепак, добивката се зголеми поради фокусирањето на поскапиот сегмент, повисоките цени на новите автомобили и повратот од лизинг на пазарот на половни возила и послабото евро.

Дивидендата треба да се искачи на 8,50 евра по акција, што е еднакво на речиси една третина од добивката што им се припишува на акционерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП