24 април, 2024
ПочетнаСВЕТ„Драг пријателу, срдечно ти честитам“: Путин испрати телеграма до Си Џинпинг по...

„Драг пријателу, срдечно ти честитам“: Путин испрати телеграма до Си Џинпинг по повод неговиот избор за претседател

Претседателот на Русија, Владимир Путин, упати телеграма со честитки до Си Џинпинг по повод неговиот реизбор за претседател на Кина, соопшти прес-службата на Кремљ.

-Почитуван господине Си Џинпинг, драг пријателе, ве молам прифатете ги моите срдечни честитки за вашиот реизбор за претседател на Народна Република Кина. Одлуката на Националниот народен конгрес на Кина е доказ за признавање на вашите заслуги како лидер на државата, како и голема поддршка за вашата политика насочена кон натамошниот социјален и економски развој на Кина и заштитата на националните интереси во светската сцена – се вели во честитката објавена на веб-страницата на Кремљ.

Путин истакна дека Москва високо го цени личниот придонес на Си Џинпинг за зајакнување на односите на сеопфатно партнерство и стратешка соработка меѓу Москва и Пекинг.

-Сигурен сум дека со заедничка работа ќе обезбедиме развој на плодна руско-кинеска соработка во различни сфери. Ќе продолжиме да ја координираме заедничката работа за најважните прашања од регионалната и меѓународната агенда – рече рускиот лидер.

На крајот Путин на кинескиот лидер му посака нови успеси во професионалните активности за доброто на народот, како и добро здравје и благосостојба.

Си Џинпинг денеска беше едногласно избран за претседател на Народна Република Кина и за претседател на Централниот воен совет на Кина на тековниот 14. Национален народен конгрес. Тоа е негов трет петгодишен мандат и тој е единствениот претседател на Кина кој е избран по трет пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП