23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВозило со 3.000 електрични „коња“

Возило со 3.000 електрични „коња“

venturi

Производителот на луксузни автомобили на електричен погон, компанијата „Venturi“, го претстави прототипот „VBB-3“ со кој имаат намера да постават нов брзински светски рекорд кога се во прашање електричните возила.

Кога станува збор за копнените брзински рекорди веќе се навикнавме возилата кои се користат за таа цел повеќе да личат на ракети, отколку на автомобили. Таков е случајот и со прототипот „Venturi VBB-3“, кој компанијата од Монако го реализираше со помош на принцот Алберт II.

Овој електричен автомобил е конструиран во соработка со Универзитетот „Ohio State“. Идеата била да се направи најмоќното возило на свет кое енергија добива од батериите кои ќе бидат во состојба да развијат брзина од 600 km/h и со тоа да постават нов светски брзински рекорд. Така настана „VBB-3“ кој од своите два електромотори извлекува монструозни 3.000 ks и располага со 2.800 Nm максимален вртежен момент.

venturi1

Моторите се напојуваат со специјални „LiFePO4“ батерии кои се состојат со 2.000 ќелии.

Иако беше планирано во текот на оваа недела да се направат неколку брзински тестови на големото солено езеро во Јута, тестирањата беа откажани поради лошите временски услови.

Се очекува тестовите да продолжат кога тоа ќе го дозволат временските услови и тогаш ќе дознаеме колкава брзина ќе успее да постигне овој електричен прототип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП