5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали ви се допаѓа новата боја на iPhone 14 и iPhone 14...

Дали ви се допаѓа новата боја на iPhone 14 и iPhone 14 Plus?

Во своето традиционално пролетно освежување, Apple најави дека ќе лансира нова боја за актуелниот модел на телефон. Жолтата боја е резервирана само за основните, а не за моделите Pro.

Најновото дополнување на палетата на телефони на Apple е iPhone 14 во жолта боја. Со додавањето на новата нијанса, опишана како „прекрасна жолта“, основните модели на iPhone 14 ќе бидат достапни во вкупно шест бои. Да повториме, тие се полноќно црна, ѕвездено бела, црвена, сина, виолетова и сега новата – жолта.

Само основните модели, односно iPhone 14 и iPhone 14 Plus, ја добија новата боја, додека варијантите Pro сè уште се продаваат во четирите првично лансирани бои – темно виолетова, златна, сребрена и црна.

Сè друго што знаеме за iPhone 14 останува како што е: од Super Retina XDR OLED екранот, преку системот на камера од 12MP, до A15 Bionic процесорот, истите инсталирани во претходната генерација, iPhone 13.

Сите оние кои со нетрпение очекуваа вистински жолт iPhone да се почестат оваа пролет ќе можат да го сторат тоа по иста цена како и претходните бои на iPhone 14.

Во исто време, Apple објави четири нови варијанти на сопствени официјални силиконски маски: жолта, маслинеста, небесно сина и виолетова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП