10 мај, 2024
ПочетнаСВЕТМасовни руски воздушни напади низ Украина

Масовни руски воздушни напади низ Украина

Русија изврши масовни воздушни напади од југ кон север на Украина, вклучувајќи го и Киев.

Русија лансираше проектили на цели низ Украина, од Харков на север до Одеса на југ и Житомир на запад. На удар беше и Киев. Меѓу другото, беа нападнати и електрани.

Во Харков и Одеса погодени се станбени згради и инфраструктура, а неколку области се без струја.

Масивен ракетен напад погоди енергетски објект во пристанишниот град Одеса, предизвикувајќи прекин на електричната енергија, изјави гувернерот Максим Марченко. Погодени се и станбени области, но нема извештаи за жртви, додаде тој.

„Околу 15 ракети го погодија градот Харков и регионот, а целта беа објекти од критична инфраструктура и станбена зграда“, изјави шефот на регионалната администрација Олег Синегубов.

Други погодени региони се Виниција и Ривне на запад и Днепро и Полтава во центарот.

Британскиот амбасадор во Киев на Твитер напиша: „Пријателите и колегите во Киев утрово се разбудија од експлозии и тресење прозорци. Ова е далеку од завршено и Украина сè уште нема друг избор освен да ја турне Русија назад до нејзините граници“.

Нападите доаѓаат додека продолжуваат жестоките борби за градот Бахмут во источна Украина.

Шефот на американското разузнавање сугерираше дека војната може да трае со години.

Директорката на Националното разузнавање на САД, Аврил Хејнс, во средата посочи дека претседателот Путин можеби планира да ја одолговлекува војната со години, но дека Русија не е доволно силна за да започне нови големи офанзиви оваа година.
Таа рече дека војната во Украина станала „тешка војна на трошење во која ниту една страна нема крајна воена предност“.

„Не предвидуваме руската војска да се опорави доволно оваа година за да оствари големи територијални придобивки, но Путин веројатно смета на времето да биде на негова страна, а продолжувањето на војната, вклучително и потенцијалните паузи во борбите, може да биде неговиот најдобар преостанат пат кон конечно обезбедување на стратешките интереси на Русија во Украина, дури и ако тоа трае со години“, рече таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП