3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем на мебел од 29. март до 2. април во Комплекс Борис...

Саем на мебел од 29. март до 2. април во Комплекс Борис Трајковски

Саемот на мебел повторно се враќа кај нас и ќе се одржи од 29. март до 2. април во Комплекс Борис Трајковски, Скопје. Оваа саемска манифестација, која по паузата на одржување во пандемијата, го одбележува 45-тиот јубилеј на одржување. Повеќе од 40 изложувачи ќе ја изложат својата програма вклучувајќи ги сите категории на опремување на ентериер.

Публиката со нетрпение ја очекува оваа понуда бидејќи се работи за избор на мебел од голем број домашни производители, интернационални брендови со специјални саемски понуди и попусти. Она што е најинтересно за посетителите е дека на едно место ќе може да се најде понуда која одговара за секој буџет и вкус. Понудата вклучува гарнитури, фотелји, спални и детски соби, кујни, купатила, вградени плакари, осветлување, декоративни подлоги и се што е потребно за уредување на домот.

Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе пуштени во продажба преку платформите на: www.karti.com.mk и www.mktickets.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП