4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФОЈА слави 18 години, со забава и бројни изненадувања!

ФОЈА слави 18 години, со забава и бројни изненадувања!

Градинарскиот центар ФОЈА на 9ти март ќе го одбележи својот 18-ти роденден со забава и многу изненадувања за сите посетители.

Сите оние кои ќе дојдат во ФОЈА во четврток од 12:00 до 18:00 часот, ќе уживаат во роденденската атмосфера, збогатена со одлична музика, закуска и други изненадувања.

Ќе можат да купат производи по специјален роденденски попуст од 18% на целиот асортиман на ФОЈА, а со тоа да учествуваат и во наградната лотарија и да бидат потенцијални добитници на вредни подароци.

Дефинитивно во четврток има многу причини да се биде во градинарскиот центар Фоја!

ФОЈА веќе 18 години е местото кое ги обединува љубителите на растенија, каде секој од нас има набавено макар едно растение.
Центар каде секогаш има голем избор на декоративни садници, место каде се добиваат најдобрите совети, каде се инспирираме и едуцираме за многу теми поврзани со хортикултирата. 
ФОЈА, Македонскиот градинарски центар за пример , со ризница на квалитетни, иновативни производи и услуги што пленат, пресретливи и љубезни флорамисионери кои не потикнуваат и мотивираат да садиме, да се грижиме за растенијата, да ги спознаеме вистинските вредности на градината.

Што научивме од ФОЈА?

Дека по некогаш е потребно само малку време. 
Да посадиме една семка, една грмушка или дрвце. Да ги одгледуваме додека растат, да се грижиме за нив, да уживаме во убавата атмосфера која самите сме ја создале.
Научивме дека едноставните работи се најубави, дека треба да се радуваме на секој појавен цвет, на секоја фиданка.

Фоја, нека е честит 18тиот роденден.
Да си посакаме и понатаму заедно да растеме и уште многу нови дрвја да пораснеме.
Да ни биде шумата густа!

Со градинарски поздрав
ООО..Руп!

ПР Текст

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП