19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦвеќарите најмногу се радуваат на празниците, но цвеќе купуваат само оние кои...

Цвеќарите најмногу се радуваат на празниците, но цвеќе купуваат само оние кои „мораат“

Денешниов празник традиционално е денот кога се купуваат најмногу цвеќиња – за девојките, мајките, бабите, колешките… Меѓународниот ден на жената е исто така еден од датумите во светот кога цвеќарите ги бележат своите рекордни резултати, а следи по Денот на вљубените (14 февруари ). Меѓутоа, сегашните околности во кои живееме доведоа до ситуација кога за многумина дури и купувањето цвеќе стана вистински луксуз.

Онлајн цвеќарите нудат готови аранжмани со само неколку „кликања“, а нивните цени се движат во зависност од желбите на клиентите. Кутиите со цвеќиња се најскапи и чинат до 9.000 денари, додека букетите чинат до 20.000 денари.

Најскапиот аранжман од 101 роза, кој го најдовме на една онлајн цвеќарница, чини 17.000 денари, што покажува дека има и такви кои се подготвени и способни да одвојат значителни суми за да усреќат некого. Секако, во цвеќарниците можете да најдете значително поевтини цвеќиња, по цени кои секој може да си ги дозволи, па денес многумина веројатно ќе се одлучат за роза која чини од 150 до 250 денари, каранфили, лалиња, растенија во саксии или букет според личните афинитети.

„За Денот на вљубените, претежно пазаруваат младите, а за 8-ми март, најмногу оние што „мораат“ – за воспитувачки, учителки… иако има многу од сопрузи и дечковци.

Куповната моќ на луѓето од 50 и повеќе години е прилично намалена и купуваат само кога треба. Од друга страна, најлојални клиенти во цвеќарниците се младите од 20 до 30 години.

Најголема побарувачка дефинитивно има за Денот на жената, и најбарани се црвените рози, а нивната цена се движи од 150 до 250 денари по цвет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП