26 јуни, 2024
ПочетнаСВЕТПригожин: Вагнер го зазема целиот источен дел на Бахмут

Пригожин: Вагнер го зазема целиот источен дел на Бахмут

Шефот на руската паравоена група Вагнер изјави дека неговите војници го зазеле „целиот источен дел“ на Бахмут, центарот на борбите во источна Украина.

„Единиците на Вагнер го окупираа целиот источен дел на Бахмут, сè што е источно од реката Бахмутка“, рече Евгениј Пригожин во аудио пораката што ја објави неговата прес-служба.

Во последните денови значително се зголеми притисокот врз украинските сили кои го бранат Бахмут и тие се соочени со руското напредување и опкружување.

Во својот последен извештај објавен вчера, Институтот за проучување на војната (ISW), кој собира група американски експерти, наведе дека руските сили „изгледа“ дека го окупирале источниот дел на градот по „контролираното повлекување“ на украинскиот силите во таа зона.

Во интервју за Си-Ен-Ен, украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека неговите војници се решени да го задржат тој град. Тој рече дека по Бахмут русите би можеле да имаат отворен пат да одат понатаму, до Краматорск, Словјанск и до другите градови во Украина.

Иако стратешката вредност на Бахмут е оспорена, градот добил симболично и тактичко значење со оглед на големите загуби што ги претрпеле двете страни во битките околу него. Околу тој град се води најдолгата и најсмртоносната битка од почетокот на руската офанзива во февруари 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП