26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lindt“ оствари раст на профитот за 2022-ра и ја зголемува дивидендата

„Lindt“ оствари раст на профитот за 2022-ра и ја зголемува дивидендата

Производителот на чоколадо „Lindt & Spruengli“ соопшти дека профитот за 2022-ра година се зголемил, при што швајцарската компанија предложи зголемување на дивидендата и покрај тешката година на зголемени инфлациски притисоци и влошување на расположението на потрошувачите на клучните пазари.

Нето добивката се зголеми на 569,7 милиони швајцарски франци (612,78 милиони долари), над 566 милиони франци што ги очекуваа аналитичарите во „Zuercher Kantonalbank“.

Производителот на чоколадни топчиња „Lindor“ објави оперативна маржа од 15% во минатата година, а што е во согласност со прогнозите.

Компанијата, исто така, нуди дивиденда од 1.300 франци по регистрирана акција, повеќе од 1.200 франци во претходната година.

„Lindt“ веќе објави раст на органската продажба во 2022-ра година од 8,4% во јануари, одржувајќи ја целта за раст на продажбата од 6-8%, иако очекува попредизвикувачки 2023-та година поради инфлаторното опкружување.

Минатата година „Lindt“ ги зголеми цените за околу 4% поради зголемените трошоци за пакување и суровини како млеко и шеќер потребни за производство на чоколадото.

Со оглед на тоа што притисокот врз цените продолжува да биде предизвик, „Lindt“ предупреди дека може да го стори истото оваа година.

„Би очекувал зголемувањето на цените да биде во истата област како и минатата година“, рече Алберт Лехнер, кој ја презеде функцијата извршен директор од Дитер Вајскопф во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП