1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАOppo N1 - И Кина има свој премиум смартфон

Oppo N1 – И Кина има свој премиум смартфон

oppooo

Кинески „Oppo“ смета дека е време за иновација од нивна страна. Компанијата го претстави новиот смартфон наречен „Oppo N1“, а специфичностите на овој уред започнуваат од ротирачката камера, па до посебниот оперативен систем наречен „Color OS“.

„N1“ е 5,9-инчен уред со солидни карактеристики. Го одликува „IPS“ екран со „FullHD“ резолуција со „377ppi“.

Внатре во пластичното куќиште со дебелина од само девет милиметри се наоѓа 16GB или 32GB простор за складирање (без опција за „microSD“), 2GB работна меморија и „Qualcomm Snapdragon“ 600 чип („Krait CPU“ со четири јадра на 1.7GHz со „Adreno“ 320 GPU). Масата од 213 грама станува појасна кога ќе се напомене дека во уредот се наоѓа батерија со капацитет од 3610mAh.

Камерата од 13 мегапиксели (s f/2.0 oптика) се наоѓа на ротирачкиот дел на уредот, а компанијата тврди дека механизамот е во состојба да издржи полни 100.000 вртења без никаков проблем. Тука е и посебно развиениот „Fujitsu“ чип за обработка на фотографијата и можноста за рачна експозиција до осум секунди.

Оперативниот систем „Color OS“ за основа има „Android 4.2“, a корисниците ќе може да одберат и „CyanogenMod“. Што се однесува до цената, уредот во Кина би требало да чини 571 долар, но не е познато дали ќе се најде во продажба на глобалниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП