3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛекарите открија: Само десет минути активност дневно го намалува ризикот од прерана...

Лекарите открија: Само десет минути активност дневно го намалува ризикот од прерана смрт

Познато е дека физичката активност го намалува ризикот од срцеви заболувања, рак и други водечки причини за смрт.

Сепак, не е јасно колку точно тренинг е потребен за да се има таков ефект. Затоа, меѓународен тим на истражувачи ги здружи резултатите од 196 претходни студии во кои беа вклучени повеќе од 30 милиони луѓе за да создаде една од најголемите анализи спроведени на оваа тема. Експертите велат дека енергичната дневна прошетка може да спречи барем еден од десет предвремени смртни случаи.

Енергичната секојдневна прошетка има свои предности

Тие пресметале дека приближно една од шест прерана смрт би била спречена доколку испитаниците имале најмалку 150 минути умерена физичка активност неделно. Имено, тоа е нивото препорачано од Британската национална здравствена служба. Но, дури и половина од тоа, 75 минути неделно или помалку од 11 минути на ден, може да спречи една од 10 рана смрт, според мета-анализата објавена во Британскиот весник за спортска медицина.

„Ова вклучува намалување на ризикот од срцеви заболувања за 17 проценти и рак за седум проценти. За луѓето со минимална или без физичка активност, 11 минути брзо одење дневно го намалуваат ризикот од прерана смрт за 23 проценти“, рече Сорен Брај, експерт за физичка активност на Британскиот универзитет во Кембриџ и коавтор на студијата.

Тој го изјави ова за АФП и додаде дека ова е „исклучително добра вест“.

„Се што треба да направите е да најдете малку повеќе од 10 минути време секој ден“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП