30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПивски сомелиер: Златен Даб едно од најдобрите светски пива

Пивски сомелиер: Златен Даб едно од најдобрите светски пива

ekspert

„Златен Даб е совршен пример за пиво од типот „европско лесно-лагер пиво“, тој е одличен претставник од оваа група на пива. Од техничка гледна точка, воопшто не е лесно да се направи слатко пиво, затоа што квалитетот на овој вид пиво е зависен од свежината, балансот меѓу сладот и отскокнувачката арома, благиот одложен вкус и повеќе неутрални ароми. Токму заради точно дефинираниот вкус и мирис, нивната појава и развој, не може да се сокрие ниту една грешка во вкусот и мирисот. Златен Даб до екстрема и на брилијантен начин ги исполнува овие прецизни критериуми. Лично јас Златен Даб го рангирам како едно од најдобрите пива на светскиот пазар“, оцени Михаел Зепф, пивскиот сомелиер.

Златен Даб е едно од најдобрите пива на светскиот пазар, смета Михаел Зепф, врвен пивски сомелиер што беше во посета на Прилепска Пиварница.

Beer Expert Michael Zepf

„Златен Даб е совршен пример за пиво од типот „европско лесно-лагер пиво“, тој е одличен претставник од оваа група на пива. Од техничка гледна точка, воопшто не е лесно да се направи слатко пиво, затоа што квалитетот на овој вид пиво е зависен од свежината, балансот меѓу сладот и отскокнувачката арома, благиот одложен вкус и повеќе неутрални ароми. Токму заради точно дефинираниот вкус и мирис, нивната појава и развој, не може да се сокрие ниту една грешка во вкусот и мирисот. Златен Даб до екстрема и на брилијантен начин ги исполнува овие прецизни критериуми. Лично јас Златен Даб го рангирам како едно од најдобрите пива на светскиот пазар“, оцени Михаел Зепф.

Пивскиот експерт својата оцена за квалитетот и рангирањето на Златен Даб ја формираше врз основа на три основни фактори во дефинирањето на пивото, пената, бојата и вкусот, хармоничноста и балансот на вкусови и свежината.

Prilepska Pivara

Тој, Златен даб го категоризира како интернационално слатко пиво, затоа што „уште при првата појава со изразено светла боја и фино меурчеста и цврста (стабилна) пена привлекува внимание. Со принесување на чашата, цитрусната арома се насетува уште со носните дразби, а потоа истото чувство доаѓа и до непцето каде што свежнината доаѓа до свој полн израз. Додека пак, последниот ефект на вкусот е совршен баланс меѓу дискретно слатка арома и мека горчина што отскокнува“, дополни проф. д-р Зепф во своето објаснување.

Според проф. д-р Зепф, високиот квалитет на Златен Даб се должи на високата и напредна технологија што ја поседува Прилепска Пиварница, што е посебно важна при правењето на лагер пиво. Еден од најголемите критериуми за квалитетот на пивото е свежината, која се добива преку кислородот и затоа ниското ниво на кислород во наполнето шише е исклучително важно.

Prilepska Pivara Prilepska Pivara

 

За проф. д-р Михаел Зепф:

Михаел Зепф е пивски експерт од светски ранг. Доктор по пиварство, член на управниот одбор на Доменс академија (меѓународно активна организација за едукација и консултација за пиварство, пијалаци и храна) и одговорен за активностите на Светската пивска академија во Европа. Својата професионална кариера ја започнува на Техничкиот Универзитет во Минхен каде го брани докторатот по пиварството. Од 2010 година еден од најценетите пивски сомелиери и судии за Европската награда Пивска ѕвезда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП