6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПјонгјанг: Секое соборување на нашите ракети би било објава на војна

Пјонгјанг: Секое соборување на нашите ракети би било објава на војна

Северна Кореја соопшти дека каков било чекор за соборување на нејзините пробни ракети ќе го свати како објава на војна и ги обвини САД и Јужна Кореја за подигање на тензиите со заеднички воени вежби. Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, предупреди дека Пјонгјанг ќе ги гледа акциите на американската војска против стратешкото оружје на Северна Кореја како „објавување војна“, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Таа навести дека Пјонгјанг може да истрела повеќе проектили во Тихиот Океан.

„Пацификот не е во американска или јапонска сопственост“, рече Ким.

САД и нивните сојузници досега не соборија севернокорејски балистички ракети, кои беа забранети од Советот за безбедност на ОН.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги обвини САД дека ја влошуваат ситуацијата со спроведување на заеднички воени вежби со бомбардерот Б-52 и планирање дополнителни копнени вежби со Јужна Кореја.

Јужнокорејското Министерство за обединување, кое е задолжено за односите со Северна Кореја, како одговор рече дека „непромислениот нуклеарен и ракетен развој“ на Пјонгјанг е виновен за влошувањето на ситуацијата.

САД и Јужна Кореја следната недела ќе започнат 10-дневна воена вежба наречена „Штитот на слободата“.

Во Јужна Кореја има 28.500 американски војници, стационирани таму од Корејската војна од 1950 до 1953 година, која заврши со примирје, со што Пјонгјанг и Сеул технички се уште се во војна, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП