28 март, 2024
ПочетнаСВЕТПоранешен советник на шефот на Пентагон: „Украина е веќе мртва“

Поранешен советник на шефот на Пентагон: „Украина е веќе мртва“

Украина веќе претрпе колапс како држава, изјави поранешниот советник на шефот на Пентагон, полковник Даглас Мек Грегор на својот личен канал на Јутјуб.

„Украина како национална држава, според мене, е веќе мртва. 40 отсто од нејзините градови и инфраструктура се уништени. Целата нејзина индустриска база, сè што имаше вистинска вредност во Украина, премина во Русија… Тоа се традиционално региони во кои живеат русите“, објасни полковникот.

Мек Грегор прецизираше дека за една година милиони луѓе ја напуштиле земјата, а нејзиното население се намалило од 38 милиони на околу 18-22.

Предупредување

Мек Грегор смета дека Западот мора да спречи понатамошна ескалација на односите со Русија.

Според неговото мислење, острата реторика на европските земји, како и на Вашингтон, била предизвикана од заборавањето на сеќавањето на стравот од воени конфликти.

„Има многу луѓе во Европа и Северна Америка кои го изгубиле својот здрав страв од војна. Мислам дека сите треба да се плашат од војна… Погрешно заклучивме дека војната е секогаш нешто што се случува во странска земја. Војната никогаш не се случува кај нас, секогаш се случува во странство. И ние никогаш не трпиме големи загуби, имаме многу малку загуби и тоа е затоа што сме најдобри. Па, можете да го склопите сето тоа и тогаш грешите на олимписко ниво. Затоа немаме поим со што се соочија во Украина“, рече Мекгрегор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП