До крајот на неделата ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на тестенините, а се прават анализи за можноста за замрзнување на цената на млечните производи. Согласно анализите на Министерството за економија од информации на производителите, цената на малсото за јадење во наредните 10 дена ќе биде под 100 денари за литар, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување на 24 Анализа на Телевизија 24.
„Во текот на оваа недела ќе се донесе одлука за замрзнување на цени на други прехранбени производи, се прават анализи од страна на Министерството за економија во делот на увозни цени, се разговара со здруженијата во рамки на Коморите и се земаат податоците од Државниот пазарен инспекторат. Најверојатно до крајот на неделата ќе има одлука за замрзнување на цените на тестенините, односно за макарони и шпагети. Минималното намалување ќе биде 10% од постоечките цени на овие тестенини, според првичните анализи, но убеден сум дека намалувањето ќе биде и поголемо имајќи во предвид дека имаме цени од одредени тестенини кои во моментов се продаваат по 51 денар, тие нема да бидат повеќе од 44 денари, имаме тестенини кои се продаваат од околу 60 денари, тие нема да бидат ппвеќе од 52 денари, ќе има големо намалување во тој дел“, кажа министерот Бектеши.

