3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Starbucks“ ги проширува своите операции во Велика Британија

„Starbucks“ ги проширува своите операции во Велика Британија

„Starbucks“ објави дека ќе отвори повеќе од 100 нови кафулиња во Велика Британија во наредните месеци по скокот на продажбата.

Синџирот на кафулиња планира да инвестира 30 милиони фунти во нови претпријатија и да ги обнови старите.

Инвестицијата доаѓа откако минатата година се појавија гласини дека „Starbucks“ планира да го продаде својот бизнис во Велика Британија, кој вклучува 1.066 кафулиња.

Компанијата објави дека планира да отвори околу 300 нови претпријатија во Европа, Блискиот Исток и Африка во текот на годината. Новите кафулиња во Британија ќе бидат на клучни локации во градовите или покрај автопатите и главните патишта.

„Starbucks“ соопшти дека е охрабрен од резултатите во последната финансиска година, која заврши во октомври, кога отвори 30 нови кафулиња и затвори 9 во Велика Британија, а продажбата значително порасна. Лиценцираните или франшизираните претпријатија на компанијата се зголемени за 45.

Приходите на „Starbucks“ во Обединетото Кралство минатата година се зголемија за 37 отсто на 449,3 милиони фунти, но оперативниот профит падна на 12,6 милиони фунти од 16,5 милиони фунти претходната година поради инфлаторните притисоци и зголемувањето на платите на персоналот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП