26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Škoda Fabia пристигнува во 2014-та

Новата Škoda Fabia пристигнува во 2014-та

skoda fabia

Третата генерација на моделот „Fabia“ ќе биде претставена во 2014-та година. Од „Škodа“ велат дека автомобилот ќе има слични димензии како и актуелниот модел, но дека дизајнот во целост ќе биде променет.

„Škoda“ се наоѓа на средината во обновата на својата гама. Голема работа е завршена уште во 2013-та година, кога беа претставени неколку нови и редизајнирани модели. На ред дојде и актуелната „Fabia“ која имаше премиера уште во 2007-та година и на која веќе се приметуваат знаци на старост. Првите детали за нејзиниот наследник ги откри еден од шефовите на „Škodа“, Франк Велш.

Според неговите зборови димензиите на новиот модел нема значително да се менуваат, па така „Fabia“ нема да се меша во сегментот во кој веќе се наоѓа друг компактен модел на чешкиот производител, „Rapid“.

„Автомобилот ќе има сосема нов дизајн со оптимизирани пропорции, што значи дека ќе биде малку поширок од сегашниот модел, но ќе ги задржи компактните димензии“, вели Велш. Тој додава дека „Fabia“ нема да ја користи платформата „MQB“ на „Volkswagen“, но не прецизираше на каква платформа овој модел ќе биде базиран.

Велш изјави дека може да се очекува разновидна палета на ефикасни погонски единици, како и најновите технолошки мултимедијални системи.

Од „Škodа“ претходно потврдија дека во следната генерација на моделот „Fabia“ нема да има место за најмоќната, спортската верзија „RS“, а причината за тоа е слабата продажба на акутелниот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП