28 април, 2024
ПочетнаСВЕТУкраинската војска: Русите се уште се обидуваат да го опколат градот Бахмут

Украинската војска: Русите се уште се обидуваат да го опколат градот Бахмут

Руските сили продолжуваат со обидите да го опколат градот Бахмут, епицентарот на војната во источна Украина, соопшти денеска украинската армија, додавајќи дека одбила нови напади.

Генералштабот на украинската армија во својот дневен извештај потврди дека само во последните 24 часа биле одбиени „повеќе од 130 непријателски напади“ во неколку сектори на фронтот, особено во Купјанск, Лиман, Бахмут и Авдијивка.

Проруската сепаратистичка армија од Доњецк, која е додаток на руските сили, објави видео на кое наводно се прикажани борци од руската паравоена група Вагнер во северното предградие Бахмут. Вагнер тврди дека малата железничка станица Ступки, северно од градот, била „освоена“.

Паравоената група во петокот тврдеше дека „практично го опколила“ Бахмут.

Нападнати се селата северно и западно од Бахмут, потврди за Си-Ен-Ен во саботата, портпаролот на украинските вооружени сили на истокот на земјата, Серхиј Череватии. Тој додаде дека ситуацијата во Бахмут е „тешка“, но „под контрола“.

Битката за Бахмут, индустриски град чиешто стратешко значење е спорно, трае од летото, а последните денови имаше најави за повлекување на украинските војници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП