3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТАмериканскиот милијардер Ворен Бафет сè уште живее во куќата што ја купил...

Американскиот милијардер Ворен Бафет сè уште живее во куќата што ја купил пред 65 години

Американскиот милијардер Ворен Бафет сè уште живее во куќата што ја купил пред 65 години за 31.500 долари.

Куќата на овој 92-годишник, кој е извршен директор на конгломератот Беркшир Хатавеј, се наоѓа во Омаха, град во американската сојузна држава Небраска. Ja купил за 31.500 долари, како денешни 329.000 долари, јавуваат американските медиуми.

“Тој е автентичен. Автентичноста на Бафет е навистина реална, бидејќи тој го живее она што го кажува”, вели новинарката на CNBC, Беки Квик, која често го интервјуира.

Во своето писмо од 2010 година до акционерите, Бафет често ја споменуваше вредноста на поседувањето дом и го истакнуваше неговиот дом како трета најдобра инвестиција во животот. Тој наведе два венчални прстени како првите две најдобри инвестиции.
Споменатата куќа има пет спални соби и е на пет минути возење од седиштето на конгломератот Беркшир Хатавеј.

Изградена е во 1921 година и сега се проценува дека вреди 1,2 милиони долари. Како што пренесува CNBC, милијардерот нема намера наскоро да го замени овој дом со полуксузен имот.
“Среќен сум таму. Би се преселил ако мислев дека ќе бидам посреќен на друго место. Топло ми е во зима, ладно во лето, удобно ми е. Не можев ни да замислам да имам подобра куќа, “, изјави тој за Би-Би-Си во 2009 година.

И покрај тоа што американскиот деловен медиум Блумберг процени дека неговото богатство вреди 106 милијарди долари, тој е личност која не троши многу.

Тој неодамна го замени телефонот на преклоп од 20 долари за iPhone 11 од 2020 година, иако Apple е трета по големина инвестиција на неговиот конгломерат.

На петминутното возење до канцеларијата, тој обично купува појадок во синџир ресторани за брза храна – Мекдоналдс, каде во просек троши околу три долари.

Во документарниот филм на HBO „Becoming Warren Buffett“ тој истакна дека тоа што ќе појадува зависи од движењето на берзата. Како што рече, ако сланината, јајцата и сирењето чинат 3,17 долари, а тоа утро берзата е во пад, тогаш тој ќе јаде тоа што чини 2,95 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП