24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПотврден „Motorola Razr“ за 2023-та

Потврден „Motorola Razr“ за 2023-та

Се очекуваше оваа година да видиме нов „Motorola Razr“, а сега пристигнаа и официјални потврди од компанијата врз основа на кои наскоро доаѓа моделот кој најверојатно ќе се вика „Motorola Razr 2023“.

Информацијата ја сподели извршниот директор на „Lenovo“, Јуанкинг Јанг во интервју за „CNBC“ за време на „MWC 2023“. Иако изворот е сигурен, „Motorola Razr 2022“ беше најавен во август минатата година, па може да се каже дека сѐ уште е малку рано за новиот модел.

Тоа значи дека новиот „Razr“ би можеле да го видиме помалку од една година по објавувањето на претходникот или дека „наскоро“ е малку подалеку отколку што звучи. Јанг исто така рече дека мисли дека новиот модел е „значително подобар“ во споредба со сегашниот модел на „Motorola Razr 2022“, па се чини дека новиот „Razr“ (2023) може да донесе големи подобрувања. Иако деталите не се откриени, дел од подобрувањето е поврзано со механизмот за преклопување и апликациите.

Дополнително, Јанг спомена дека одзивот на линијата на телефони „Razr“ е добар и дека „кога технологијата на преклопен телефон ќе созрее, се очекува пад на цените, а со тоа и продажба во поголеми количини“.

Со други зборови, доколку цената стане доволно прифатлива, овој тип на телефон би можел да стане мејнстрим во иднина, како што спомена претседателот на компанијата „Oppo“, Били Џанг.

Дали тоа значи дека цената на „Razr 2023“ би можела да биде пониска од претходниот модел, останува да видиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП