28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„LVMH“ најави откуп на акции за 1,5 милијарди евра

„LVMH“ најави откуп на акции за 1,5 милијарди евра

Акциите на „LVMH“ пораснаа откако водечката светска компанија за луксузна стока објави план за откуп на акции до 1,5 милијарди евра, пишува „Bloomberg“.

Групацијата, управувана од францускиот милијардер Бернар Арно, ќе откупи акции до 20-ти јули, се вели во соопштението на „LVMH“.

Арно, кој е извршен директор и претседател на „LVMH“, е втор најбогат човек во светот зад основачот на „Tesla“, Илон Маск, според индексот на милијардери на „Bloomberg“. Францускиот бизнисмен и неговото семејство поседуваат околу 48% од акциите на „LVMH“ и речиси 64% од гласачките права.

Акциите на „LVMH“ пораснаа за 2,5% во париското тргување до 808,90 евра за акција, со што нивниот раст оваа година достигна 18%. Ова и дава пазарна вредност на компанијата од околу 404 милијарди евра – највисока во Европа.

Сопственикот на „Louis Vuitton“ и „Dior“ редовно врши откуп, а минатиот мај објави план за откуп на акции до 1 милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП