29 март, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАНови дојави за бомби, министерот вели дека е тешко да се премине...

Нови дојави за бомби, министерот вели дека е тешко да се премине на онлајн настава

Дојави за бомби и денеска во училиштата. Децата се повторно надвор од училишните клупи, а родителите повикани да ги земат.

Како што информираат од МВР, денеска до 08:20 часот во МВР e пријавено дека на електронските адреси на 18 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.

Министерот Јетон Шаќири вели дека се разгледува можноста наставата целосно да оди онлајн, но таква одлука е тешка за донесување.

„Не брзаме да ја донесеме таа одлука. Не е лесна одлука, ќе треба да бидат опфатени и основните училиштата. Некои од училиштата немаат имејлови, но добиваат закани, мејловите се испраќаат во една група кај сите и, според податоците добиени од МВР, се реагира и во училиштата што не го отвориле имејлот. Затоа велам дека одлуката за целосна онлајн-настава во моментот не е лесно да се донесе затоа што не се знае какви ќе бидат последиците во другите градови и во другите основни училишта. Ако ова им е целта на оние што ги дојавуваат бомбите, мислам дека нема да се донесе таква одлука толку лесно“, рече министерот Шакири.

Тој објасни дека заедно со безбедносните институции особено го разгледуваат електронското комуницирање оти имејловите не се законска и задолжителна комуникација со институциите, но за тоа да се потврди, треба да се изјаснат безбедносните органи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП