8 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСеверна Кореја се соочува со најголем глад од 1990-тите

Северна Кореја се соочува со најголем глад од 1990-тите

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун нареди подобрување на инфраструктурата и проширување на обработливото земјиште за да се зголеми производството на храна, објавија државните медиуми, поради предупредувањата за претстојната криза со храна.

На пленарен состанок на централниот комитет на владејачката Работничка партија, Ким издаде упатства за модернизација на системот за наводнување, производство на модерна земјоделска механизација и зголемување на обработливото земјиште со претворање на калливите рамнини во плодна почва.

Како што пренесува Ројтерс, Јужна Кореја предупреди на влошена криза со храна во изолираната Северна Кореја, вклучувајќи го и неодамнешниот пораст на бројот на смртни случаи од глад во некои региони.

Поплави, тајфуни, санкции…

Економијата на Северна Кореја е погодена од бројни поплави и тајфуни, како и санкции поради нејзината нуклеарна и ракетна програма и остриот пад на трговијата со Кина во услови на затворање на границите и заклучување поради пандемијата на коронавирус, а агенцијата за рурален развој на Јужна Кореја проценува дека производството на растителни култури во Северна Кореја минатата година падна за речиси четири отсто на годишно ниво.

Недостигот од соодветна земјоделска инфраструктура, машини и материјали, вклучително и ѓубрива и гориво, ја направи Северна Кореја поранлива на природни катастрофи, велат експертите.

„Извештајот на државните медиуми вели дека се поставени нови цели и акциони планови, но не гледам ништо ново бидејќи сите елементи, вклучително и наводнувањето и мелиорацијата, веќе се споменати претходно“, Лим Еул-Чул, професор по Севернокорејски студии на Универзитетот Кјунгнам во Јужна Кореја.

Итна реформа

Состанокот на централниот комитет на владејачката партија на која се разговараше за „итната“ потреба за реформи и модернизација на земјоделскиот сектор започна во неделата, а како што објави државната новинска агенција KCNA, Ким ги претстави плановите и конкретните задачи за изградба на „богати и високоцивилизирани социјалистички рурални заедници со напредна технологија“.

Исто така, објави КЦНА, тој ја истакна потребата од заострување на дисциплината во спроведувањето на националниот економски план, предупредувајќи на „практики на слабеење на организациската и извршната моќ на кабинетот“ и им нареди на сите партиски единици „да ја проверат својата работна ефикасност“.

Централниот комитет, исто така, разговараше за начините за подобрување на финансиското управување на земјата, се вели во извештајот на агенцијата без да се наведат детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП