24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск гради фабрика во Мексико вредна 5 милијарди долари

Маск гради фабрика во Мексико вредна 5 милијарди долари

Тесла треба да отвори гигафабрика во Мексико, во обид гигантот за електрични возила да го прошири своето глобално производство.

Мексиканската влада објави дека компанијата Тесла ја избрала северната погранична држава Нуево Леон за нова фабрика вредна повеќе од пет милијарди долари, нарекувајќи ја „најголемата фабрика за електрични возила во светот“, пренесува Ројтерс.

Тесла ќе го зголеми производството во сите свои гигафабрики, изјави нејзиниот основач Илон Маск на настан организиран во седиштето на компанијата во Остин, Тексас. Компанијата ги претстави плановите за намалување на трошоците за склопување за половина во идните генерации на автомобили и разговараше за нејзините иновации во управувањето со операциите од производство до сервис.

Фабриката во близина на градот Монтереј „ќе биде комплементарна со производството на сите други фабрики“, рече Маск на крајот од повеќе од тричасовната презентација, нарекувајќи ја „веројатно најзначајната најава на денот“.

Глобалниот капацитет на Тесла беше два милиони возила годишно.

Објавата на Маск беше прва јавна изјава на Тесла за нејзините планови за Мексико по неколкумесечни шпекулации и телефонски разговори меѓу Маск и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Маск не даде детали за тоа колку возила ќе произведе фабриката за една година и инвестицијата на Тесла во неа. Други фабрики на компанијата се во САД, Германија и Кина.

Проектот претставува најголема во серијата неодамнешни инвестиции во електрични возила во втората по големина економија во Латинска Америка.

Пред Тесла, БМВ, Џенерал Мотос и Форд неодамна ги објавија плановите да започнат или да го зголемат производството на електрични возила во Мексико додека производителите на автомобили се оддалечуваат од фосилните горива.

Тесла ќе отвори до 6.000 работни места во Нуево Леон и размислува за производство на батерии во центарот на земјата додека производителот на електрични возила бара понатамошни инвестиции, изјавија високи мексикански претставници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП