СВЕТ

ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА КАКВА ШТО ГРЦИЈА НЕ ПАМЕТИ! Спасувачите нашле шокантни сцени на местото на настанот (ФОТО/ВИДЕО)

Најмалку 32 лица загинаа, а 85 се повредени во страотниот судар на воз во Грција, што се случи синоќа нешто пред полноќ во близина на градот Темпе кај Лариса. На првите снимки по страшната несреќа се гледаат грозоморните сцени од стуткани вагони и пожарот кој избувна по судирот на два воза.

— Akashdeep Thind (@thind_akashdeep) March 1, 2023

Судирот предизвикал уништување на неколку вагони со патници, а на лице место спасувачите забележале шокантни сцени: телата на загинатите и повредените биле насекаде околу патеката, а други биле во остатоците од вагоните.

-Слушнавме голема експлозија, тоа беа 10 кошмарни секунди. Се превртувавме во вагонот додека не паднавме на страна… потоа настана паника, насекаде пукаа кабли, пожарот беше моментален, додека се превртувавме изгоревме, огнот беше десно и лево – изјави Стергиос Миненис, 28- годишен патник.

https://youtu.be/iQoAZ_4B-jQ

Околу 250 патници со автобуси се безбедно евакуирани во Солун. Еден патник за државната телевизија ЕРТ изјави дека успеал да излезе од вагонот откако со куфер го скршил прозорецот на возот.

https://twitter.com/MarmotXi/status/1630771763964522496