25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМедиумската групација „Axel Springer“ најави големи отпуштања

Медиумската групација „Axel Springer“ најави големи отпуштања

Медиумската групација „Axel Springer“ најави сериозни кратења на кадарот во многу свои изданија, меѓу кои и популарните „Bild“ и „Welt“, пренесе „DPA“.

Во писмо до вработените, извршниот директор Матијас Допфнер најави дека ќе има значителни намалувања на персоналот во секторите за производство, предпечатење, лекторирање и администрација. Според најавата на „DPA“, ќе има „истовремено затворање и отворање работни места“.

„Ќе се обидеме да избегнеме принудни отпуштања“, посочи тој.

Во писмото не се наведуваат конкретни бројки, но се вели дека во следните три години, резултатите на групата во Германија треба да се подобрат за околу 100 милиони евра. Тоа треба да се направи со „зголемување на прометот, но и со намалување на трошоците“.

Допфнер, исто така, истакна дека „Bild“ и „Welt“ треба да ги развијат своите „добро платени и одржливи дигитални претплати“.

Очекуваните отпуштања во медиумската групација се познати подолго време, бидејќи минатата есен почна прегледот на структурата на публикациите. Допфнер пред извесно време во интервју за „DPA“ изјави дека има отпуштања во „Bild“ и во „Welt“

„Axel Springer“ моментално вработува 18.000 луѓе ширум светот, вклучувајќи 3.400 новинари, од кои повеќето се со седиште во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП