3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЅирнете во „Galaxy S23 Ultra“ - опцијата што ја чекавте со години...

Ѕирнете во „Galaxy S23 Ultra“ – опцијата што ја чекавте со години е тука (ВИДЕО)

Сервисирањето и поправките на телефонот честопати може да бидат скапи и комплицирани, така што повеќето луѓе претпочитаат да го надградат својот уред со нов модел, наместо да ги заменат проблематичните делови.

Сепак, благодарение на кампањите „право на поправка“, некои понови телефони имаат дизајн што е многу полесен за сервисирање. Еден таков телефон е овогодинешниот „Samsung Galaxy S23 Ultra“.

Јутјуберот Зак Нелсон, од популарниот канал „JerryRigEverything“, го отвори најновиот премиум телефон од јужнокорејската компанија и откри дека „Samsung“ направил некои суптилни промени во внатрешноста на уредот.

„Samsung“ користеше големо количество лепило за батеријата на телефонот „Galaxy S22 Ultra“, што на просечниот корисник му оневозможи да ја замени батеријата без специјална алатка. Компанијата не ја повтори таа грешка со моделот „S23 Ultra“.

„Galaxy S23 Ultra“ има заменлива батерија. Само треба да го повлечете пластичното јазиче за да ја извадите батеријата и тоа е тоа. Не се потребни посебни алатки или алкохол за омекнување на лепилото.

Можете да видите што друго има во телефонот „Galaxy S23 Ultra“ во придружното видео на „YouTube“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП