3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Klarna“ успеа да ја намали загубата во четвртиот квартал

„Klarna“ успеа да ја намали загубата во четвртиот квартал

Шведската платежна група „Klarna“ има за цел да се врати на профитабилноста до летото, соопшти во компанијата која им нуди услуга на корисницие „купи-сега-плаќај-подоцна“. Таа пријави поголема загуба за 2022-ра година, но и подобрување на перформансите во четвртиот квартал, пренесува „Reuters“.

„Klarna“ објави годишна оперативна загуба од 10,5 милијарди круни (1 милијарда американски долари), од 6,6 милијарди круни во 2021-ва година. Бруто обемот на стоки, вредноста на производите купени преку „Klarna“, се зголеми за 22%, а растот на приходите изнесува 19%.

Брзо растечката приватна компанија за финансиско работење минатата година пријави влошување на деловните услови бидејќи довербата на потрошувачите беше погодена од забрзувањето на инфлацијата и војната во Украина, што доведе до пад на нејзиното вреднување.

Во мај, компанијата соопшти дека намалува 10 отсто од својата работна сила за да ги заузда трошоците, а во јули собрала 800 милиони долари нови средства.

Меѓутоа, во четвртиот квартал, оперативната загуба на „Klarna“ се намали на 2 милијарди круни од 3,5 милијарди круни една година претходно, а бруто обемот на стока се зголеми за 19 отсто, објави компанијата во својот годишен извештај.

„Klarna“ додаде дека САД станаа нејзин најголем пазар според приходите во декември, а групата има за цел да се врати на профитабилноста до летото.

„САД и Велика Британија растат со многу брзо темпо, зголемувајќи го просечното ниво на раст за целата компанија“, изјави извршниот директор Себастијан Симијатковски.

Според него, растот на групата може дополнително да се забрза во позадината на високите стапки на раст во овие две земји. Велика Британија е нејзиниот трет најголем пазар.

Извршниот директор исто така изјави дека не се планираат такви поголеми отпуштања како оние што беа најавени во мај минатата година.

„Klarna“ последен пат оствари годишна добивка во 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП