8 мај, 2024
ПочетнаСВЕТУкраинското обвинителство: Од почетокот на рускиот напад убиени најмалку 461 дете

Украинското обвинителство: Од почетокот на рускиот напад убиени најмалку 461 дете

Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина објави дека најмалку 461 дете се убиени, а 927 се ранети за време на руските напади врз земјата.

Исто така, исчезнати се 349 деца, додаваат од канцеларијата, повикувајќи се на државната полиција, пренесе „Киев индипендент“.

Се додава дека бројот на загинати деца не е зголемен од 19 февруари, но дека е зголемен бројот на ранети деца поради руските напади.

Киевскиот весник додава дека се претпоставува оти бројот на жртвите е поголем од сегашниот бидејќи во него не се вклучени податоци од териториите окупирани од Русија или места на кои се водат борби.

Според канцеларијата на јавниот обвинител, најголем број жртви се регистрирани во регионите Донецк и Харков.

Украинското обвинителство посочува дека 16.221 дете биле насилно однесени во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП