25 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАНамален бројот на новороденчиња во четвртиот квартал на 2022 година

Намален бројот на новороденчиња во четвртиот квартал на 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2022 година, живородени се 4 427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4.7 %.

Бројот на умрените лица во четрвтото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26.8 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година, односно 5 043 лицa, од кои 9 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е – 616 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината склучени се 2 762 бракови и нивниот број е намален за 2.0 % во споредба со истиот период од 2021 година.

За четвртото тримесечје од 2022 година се добиени 339 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 39.1 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП