13 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмбасадорот на Австрија бара од пратениците да не го разгледуваат Законот за...

Амбасадорот на Австрија бара од пратениците да не го разгледуваат Законот за игри на среќа

Австрискиот амбасадор во земјава со реакција за обидот на власта неуставниот Закон за игри на среќа на брза лента да го помине во Собранието злоупотребувајќи го ЕУ знамето.

Амбасадорот бара пратениците да не ги разгледуваат измените на законот затоа што не се во надлежност на Комисијата за европски прашања. Сериозната загриженост на амбасадорот укажува дека Владата врши класична злоупотреба на ЕУ знамецето со цел на брза трака да го помине контроверзниот закон. Според австрискиот амбасадор во земјава, законот прекрушува четири члена од Уставот на Република Северна Македонија.

,,Актуелните одредби ги нарушуваат темелните вредности на уставниот поредок во член 8 од Уставот на Република Северна Македонија, т.е. владеење на правото, слобода на пазарот и претприемништво, почитување на општоприфатените норми на меѓународното право“ – пишува Вуцас.

Амбасадорот во писмото потенцира дека измените на Законот кои што ги предлага Владата се косат и со други членови од Уставот – членот 51 каде е регулирано дека сите закони мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.

Вуцас наведува дека измените на регулацијата се спротивни и со членот 52 од Уставот во кое е регулирано дека законот не може да има ретроактивно дејство, а се косат и со членот 59 кој гласи:

„На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката. Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или друг пропис“.

Владата и пратениците го добиле писмото на амбасадорот и велат дека сериозно ќе го разгледале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП