24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAmazon претстави нови верзии на таблетите Kindle Fire

Amazon претстави нови верзии на таблетите Kindle Fire

amazon tablet

„Amazon“ претстави две нови верзии на своите таблети. Моделите се нарекуваат „Kindle Fire HDX“,а главната разлика меѓу нив е големината на екранот од 7 и 8,9 инчи.

Двата уреди се потпираат на надграден хардвер и нов софтвер, како и услуги. Тие ќе располагаат со новата верзија на процесорот „Qualcomm Snapdragon 800“  кој е со 4 јадра и работи на 2GHz . Покрај тоа, тие се потенки и полесни од своите претходници, но визуелно не се разликуваат особено од своите претходници.

Таблетите имаат и посебен режим за читање на електронски книги, кој ќе овозможува до 17 часа непрекинато читање. Уредите ја користат најновата верзија на оперативниот систем на „Amazon“, кој се нарекува „Fire OS“. Таа е базирана на „Android“, но без голем дел од услугите на „Google“, вклучувајќи го „Google Play“ и е со сопствен интерфејс, дело на „Amazon“.

„Kindle Fire HDX“ моделите ќе се малку поскапи од обичните „Fire HD“ уреди. 7 -инчниот модел со 16GB меморија ќе чини 229 долари, a истата верзија, но со „LTEq“ ќе е за 100 долари поскапа. Поголемиот 8.9 -инчен модел ќе се продава за сума од 379 долари и 479 долари во модификација со „LTE“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП