3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТНајмалку едно лице загина, а 69 се повредени во нов земјотрес во...

Најмалку едно лице загина, а 69 се повредени во нов земјотрес во Турција

Најмалку едно лице загина, а 69 се повредени во новиот земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди турската провинција Малатија, јавува Anadolu Agency, повикувајќи се на Управата за вонредни ситуации на Република Турција (AFAD).

Земјотресот е регистриран на длабочина од 6,96 километри во областа Јесиљурт во 12:04 часот по локално време, а е почувствуван и во околните провинции.

Градоначалникот на Јесиљурт, Мехмет Џинар, за ТВ Хабер Турк изјави дека се урнале неколку згради во градот, вклучително и четирикатница во која се заробени татко и ќерка. Тој рече дека влегле во оштетената зграда за да ги соберат своите работи.

На друго место во Малатија, екипите за пребарување и спасување ги пребаруваат урнатините на друга зграда што се урна врз некои паркирани возила, објави телевизијата ХаберТурк.

По земјотресот жителите излегоа од зградите и куќите на отворено, а во областа се во тек операции за пребарување и спасување.

Управата за вонредни состојби ги предупреди граѓаните да не влегуваат во оштетените објекти во регионот и да не се приближуваат до ризични објекти.

Малатија е меѓу 11-те турски провинции погодени од земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што уништи делови од јужна Турција и северна Сирија на 6 февруари. Во тој земјотрес во двете земји загинаа повеќе од 48.000 луѓе, а во Турција беа уништени или оштетени 173.000 згради.

Турската агенција за управување со катастрофи АФАД соопшти дека во областа се регистрирани речиси 10.000 последователни потреси од земјотресот на 6 февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП