18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАФановите на „Nokia“ добиваат нов телефон

Фановите на „Nokia“ добиваат нов телефон

Во пресрет на „MWC 2023“, кој за неколку дена ќе започне во Барселона, компанијата „HMD Global“ претстави нов евтин смартфон од својата гама.

Станува збор за телефон наречен „Nokia C02“. Се карактеризира со скромни спецификации, но и некои интересни според денешните стандарди. Подолу ги пренесуваме сите детали за телефонот „Nokia C02“.

Телефонот се напојува со неименуван четиријадрен чипсет, со такт од 1,4 GHz. Спарен е со 2GB RAM и 32GB eMMC 5.1 внатрешна меморија. Од самиот почеток, телефонот се испорачува со Android 12 во Go издание. Компанијата вети дека телефонот ќе добива безбедносни ажурирања две години.

Предниот дел на овој буџетски телефон е покриен со 5,45-инчен IPS LCD екран со FWVGA+ резолуција и сооднос 18:9. Околу екранот има дебели рамки, особено под и над. На горната рамка има предна камера од 5 MP.

На задната страна, телефонот го има главниот и единствен сензор за камера од 5MP. Оваа камера се наоѓа во исечокот до LED блицот. На десната страна на рамката се копчето за контрола на јачината на звукот и копчето за вклучување и исклучување на уредот. Самата рамка е изработена од поликарбонат.

Она што е интересно е дека овој телефон има заменлива батерија, односно таква што може лесно да ја замени секој. Капацитетот на батеријата е 3.000 mAh. Телефонот се полни преку 5W microUSB порта.

„Nokia C02“ има два слота за SIM картичка, како и слот за microSD картичка.

Телефонот е достапен во сина и бела боја. Детали за цената и достапноста на овој телефон сѐ уште не се објавени, но можеме да ги очекуваме наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП