16 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСе разболел директорот на ИТ-секторот на ФЗО додека го враќале хакираниот систем,...

Се разболел директорот на ИТ-секторот на ФЗО додека го враќале хакираниот систем, а генералниот директор е на одмор

Пред неколку дена на боледување замина и директорот на ИТ-секторот во Фондот за здравствено осигурување. Директорката на Фондот за здравство, Магдалена Филиповска-Грашкоска, денеска го оправда отсуството објаснувајќи дека се разболел додека го враќале системот, кој не беше во функција две недели.

„На овој човек поради големиот стрес и притисок му се влоши здравствената состојба и замина на боледување пред неколку дена“, рече директорката пред новинарите.

Директорот на ИТ-секторот не е единствен директор што не бил во институцијата за време на нападот. Отсутен беше и Фатон Ахмети, кој има функција генерален директор. Тој, за разлика од директорот на ИТ-секторот, си користел одмор.

Филиповска-Грашкоска не сакаше да посочи кој е виновен за нападот, колку пари се барале за откуп на податоците, дали се откупени, но и кој ќе сноси одговорност.

„Избрзано и некоректно е да посочам со прст во некого за вина“, додаде таа.

Иако во јавноста се појави две недели по нападот, Филиповска-Грашкоска рече само дека го вратиле системот во рекордно време, а не одговори речиси на ниедно прашање во однос на хакирањето и начинот на враќање. Таа од јавноста и новинарите побара трпение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП