3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТТурција целосно разурната: Од утрово земјотрес до земјотрес

Турција целосно разурната: Од утрово земјотрес до земјотрес

Тлото во Турција се уште не мирува. Од утрово се тресело повеќе од 50 пати.

Само во последниот час се забележани 10 земјотреси.

Двата најсилни земјотреси се забележани во 10 часот по наше време, земјотрес со јачина од 4 степени и земјотрес со јачина од 4,4 степени утрово.

Пред зори беше регистрирана серија земјотреси со јачина од 3,4 до 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Бројот на жртвите од разорните земјотреси во Турција и соседна Сирија надмина 47.000, а сеизмолозите континуирано бележат тресење на тлото.

Да потсетиме, по земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја погодија Турција пред 16 дена, беа забележани повеќе од 7.000 последователни потреси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП