4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВодечката македонска компанија од одбрамбената индустрија АТС Груп помеѓу најголемите изложувачи на...

Водечката македонска компанија од одбрамбената индустрија АТС Груп помеѓу најголемите изложувачи на “ИДЕХ 2023” во Абу Даби

ATS Group и оваа година ги претстави своите производи на ИДЕХ 2023 во Абу Даби Обединети Арапски Емирати (OAE). ИДЕХ е најголемиот саем на одбранбената индустрија на Блискиот Исток. ИДЕХ изложбено биенале кое веќе 30 години се одржува под покровителство на Н.Х. Шеикот Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати и Врховен командант на вооружените сили на ОАЕ. Настанот е организиран со целосна поддршка на Министерството за одбрана.

АТС ГРУП, покрај тоа што ги претстави своите светски познати производи и опрема од областа на балистиката, на овогодинешниот саем ги претстави и останатите области во кои делува и во кои се натпреварува со најголемите светски производители.

АТС ГРУП претстави врвна инженерска експертиза, машини и алати за производство на муниција, со што го привлече вниманието на посетителите на овој реномиран саем, на кој изложуваат најголемите светски производители во областа.

Оваа година на саемот учествуваат повеќе од 1350 изложувачи, a се очекуваат над 130.000 посетители. Познатиот саем им овозможува на светските производители да ги претстават своите активности, а со цел да се подигне свеста за важноста на заедничката и личната безбедност и заштита.

АТС ГРУП со седиште во Скопје e македонска корпорација која управува со три фабрики, од кои две во Скопје, Визбегово и една во Самоков со повеќе од 500 вработени. Сите фабрики работат по највисоки стандарди и произведуваат огромен асортиман на производи, чиј квалитет се препознава во светски рамки, а за што имаат добиено и бројни награди.

АТС Груп се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност. Покрај тоа, компанијата произведува и муниција и целосни линии на машини за производство на муниција, со што од година во година постојано го зголемува својот извозен потенцијал и со тоа ги остварува развојниот план и својата мисија. На посетителите на ИДЕХ во Абу Даби на штанд 11-Ц09 од 120 м2 топло добредојде ќе им посака тимот на АТС ГРУП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП