8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ веројатно следната година се откажува од „Galaxy S24 Plus“?

„Samsung“ веројатно следната година се откажува од „Galaxy S24 Plus“?

Според извештајот на познатиот корејски портал „TheElec“, премиум серијата „Samsung Galaxy S24“ што ќе пристигне следната година би можела да се намали на два модели – „S24“ и „S24 Ultra“, „без Galaxy S24 Plus“.

Она што доведе до овој заклучок се внатрешните ознаки на проектот „Galaxy S24“, чии телефони се внатрешно означени со „DM“. Во рамките на овој проект постојат два под-проекта: „DM1“ и „DM3“. Забележувате дека нешто недостасува? Ако се потпреме на претходната номенклатура на „Samsung“, „DM1“ треба да биде – „S23“, а „DM3“ – „S23 Ultra“.

Според извештајот на „GfK“, „Samsung Galaxy S22 Plus“ учествуваше само со 17% од вкупната продажба на серијата „S22“, додека „S22“ имаше 38%, а „S22 Ultra“ дури 45% од испораките во 2022-ра година. Кога станува збор за вкупните бројки, „GfK“ вели дека во 2018-та година биле продадени 1,47 милијарди телефони, а во 2019-та година тој број би паднал на 1,376 милијарди. За време на пандемијата, бројките дополнително паднаа на 1,268 милијарди во 2020-та година, само за малку да се зголеми на 1,29 милијарди во 2021-ва година. Минатата година на светскиот пазар беа продадени 1,29 милијарди телефони, а оваа година се очекува таа бројка да се искачи на 1,278 милијарди.

Покрај „Samsung Galaxy S24 Plus“, кој можеби нема да ја види светлината на денот, се шпекулира и дека „Samsung“ ќе го намали бројот на модели од серијата „Galaxy A“. Први на удар би можеле да бидат моделите „Galaxy A2x“, но ако не е се така црно, се споменува и дека „Galaxy FE“ ќе се врати следната година, за да ги пополни редовите во понискиот ценовен сегмент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП